24фудбал

Барди влезе во историјата на Леванте

Македонскиот фудбалер, Енис Барди влезе во историјата на Леванте како четврти фудбалер со најмногу настапи за овој клуб во Ла Лига.

Шпанија

Барди станува легенда на Леванте, македонскиот фудбалер е четвртиот играч на овој клуб по бројот на настапи во Ла Лига. Неговиот меч против Атлетик Билбао беше вкупно 126ти.

Пред него се само Моралес со 223, Роџер со 159 и Хуанфран со 153 настапи за Леванте во Ла Лига.

„Горд сум што сум дел од историјата на овој клуб и што сум во друштво со Педро Лопез, Моралес, Роџер и Хуанфран. На Педро му реков дека не ни сонував дека ќе одиграм толку многу мечеви. Среќен сум во Леванте и ќе направиме сѐ за да избориме опстанок затоа што навивачите го заслужуваат тоа. Никој не ни размислува да се предаде во оваа битка“, изјави Барди.