24фудбал

Падна договор, Ралф Рангник ќе биде привремен тренер на Манчестер јунајтед

Ралф Рангник и Манчестер јунајтед постигнале договор тој да биде нивниот привремен тренер до крајот на сезоната.

Англија

63-годишниот Рангник ја напушта неговата работа во Локомотив Москва каде беше шеф за развој на рускиот клуб, и се сели во Манчестер јунајтед.

Според „Атлетик“, тој се договорил со Манчестер јунајтед во наредните шест месеци да биде тренер, а потоа уште две години да биде консултант на клубот.

Се верува дека Рангник откако ќе ја доврши оваа сезона, на тренерското место во Јунајтед ќе пристигне Маурисио Покетино.