24фудбал

Ван дер Варт со остри критики за Меси: Нели ти е срам да се шеташ по теренот?

Поранешниот холандски фудбалер, денешен критичар, станува познат по тоа што воопшто не се штеди со зборови кога сака некој да искритикува, сега на мета беше Меси.

Франција

Рафаел ван дер Варт е разочаран од играта на Меси во ПСЖ, тој смета дека Аргентинецот не се залага доволно, дека наместо да трча и да се бори да му помогне на тимот, тој се шета по теренот

„Тој се однесува како да е на прошетка, се шета на теренот, „Нели ти е срам?““, вели Ван дер Варт.

„Почнувам да сум лут поради Меси, штета е бидејќи таков фудбалер веќе никогаш нема да се роди“.

Ван дер Варт вели дека промена на односот на Меси кон фудбалот приметил уште минатата година.

„Тоа почна под водство на Роналд Куман. Како да одбиваше да работи, и тоа не е добро за фудбалер како Меси“.

„Се работи за прашање на желба. Или сакате или не. Доколку не постигне гол или нема асистенција, тогаш има лош натпревар. Нејмар е поинаков, почесто го гледате на теренот. Мбапе исто“.

„Видете го Кристијано Роналдо. Тие се комплетно различни фудбалери, но Роналдо се бори, гледате како сака да го крене тимот на друго ниво“.