24фудбал

Една година од смртта на Марадона (ВИДЕО)

Пред точно една година на 60-годишна возраст почина легендарниот аргентински фудбалер, еден од најдобрите на сите времиња, Диего Армандо Марадона.

Јужна Америка

На 25. ноември, 2020 година, веста дека Марадона почина го шокраше фудбалскиот свет. Замина големиот Диего, аргентинскиот Бог.

Неколку недели пред смртта, Марадона имаше комплицирана операција на мозокот која помина успешно, тој се врати во Тигре и продолжи да биде надгледуван од неговиот медицински персонал.

Но, не помина долго, неговото срце откажа, а неговата смртт остави многу неодговорени прашања.

Продолжува полемиката дали Аргентинецот бил третиран на вистински начин од медицинските лица со кои бил опкружен. Дел од тие кои се грижеа за неговото здравје се најдоа на обвинителна клупа.

Марадона се смета за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, тој на Аргентина како капитен ѝ ја донесе титулата Светски шампион во 1986 година.

На Наполи му помогна да освои две Скудета, еден Куп на Италија, Суперкуп на Италија и УЕФА Куп. Клубот го преименуваше својот стадион во „Диего Армандо Марадона“

Кариерата ја почна во Аргентинос Јуниорс, а настапуваше и за Бока Јуниорс, Барселона, Севиља, Њувел Олд Бојс. Се обиде и како тренер, работеше во неколку клубови, а две години беше и селектор на Аргентина.

Неговите поранешни клубови денеска одбележуваат една година од неговата смртт.