24фудбал

ПСЖ веќе преговара со Зидан, Покетино одби да потврди дека останува во францускиот клуб

По вчерашниот меч Маурисио Покетино одби да потврди дека ќе го води ПСЖ и во нокаут фазата од Лигата на шампионите, францускиот клуб веќе почнал разговори со Зинедин Зидан.

Франција

На прес конференцијата по вчерашниот меч меѓу Манчестер Сити и ПСЖ, Маурисио Покетино бил запрашан дали ќе го води тимот и во нокаут фазата од Лигата на шампионите. Тој само се насвнал и рекол: „Поздрав, ви благодарам“.

Според „Ла Парисиен“, ПСЖ почнале преговори со Зинедин Зидан кој треба да стане нивниот следен тренер.

Многу е извесно дека Покетино ќе стане тренер на Манчестер јунајтед, а во ПСЖ ќе пристигне Зидан, останува нејасно кога ќе се случи тоа, дали по крајот на сезоната или порано од тоа.

Фактот што Покетино одби да потврди дека ќе го води ПСЖ и во нокаут фазата, даде повод за шпекулации дека зделката може да се случи и порано од крајот на сезоната.