24фудбал

Џошуа Кимих може да остане без милиони, селекторот на Германија најави пресврт

Џошуа Кимих може да остане без милиони откако испадна позитивен на ковид-19, во меѓувреме, селекторот на Германија, Ханси Флик откри дека играчот најверојатно ќе се вакцинира.

Германија

Џошуа Кимих е еден од играчите во редовите на Баерн Минхен кои не сакаат да се вакцинираат против ковид-19, Германецот јавно говореше на оваа тема, рече дека не е анти-ваксер, едноставно е загрижен поради тоа што нема долгорочни студии за вакцините.

Ваквиот став му направи проблеми, не само што го навлече гневот на дел од јавноста, пропушти и неколку натпревари. Тој најпрво мораше да оди во карантин поради контакт со соиграчот Никола Зиле, кој беше позитивен на ковид-19.

Само што се врати на терените, фудбалерот од средниот ред одново мораше во карантин поради контакт со член на семејството кој е позитивен на ковид-19. Работата не застана тука, сега самиот Џошуа Кимих е позитивен на ковид-19 и мора во самоизолација.

Бидејќи не е вакцинирана, тој ќе треба да биде во карантин 14 дена од денот кога го добил позитивниот тест.

Баерн Минхен им се закани на невакцинираните фудбалери дека ќе ги удри по џеб, па доколку „баварците“ решат да ја применат оваа мерка, Џошуа Кимих може да остане без 1,5 милиони евра.

Во меѓувреме, селекторот на Германија, Ханси Флик откри дека играчот најверојатно ќе се вакцинира.

„Разговарав со Кимих, работите одат во насока дека ќе се вакцинира“ - вели Флик.