24фудбал

Пиоли: Приказната на Месиас е неверојатна, но ова е само почеток за него, тој навистина има квалитет

Милан синоќа оствари многу значајна победа на гостувањето кај Атлетико Мадрид со која остана во игра за втората позиција на табелата и пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Лига на Шампиони

Неочекувано, херој за росонерите беше Месиас, 30-годишниот Бразилец за кого ова беше прв настап во европските натпреварувања.

Месиас има луда приказна, многу доцна ја почнува професионалната кариера, но Пиоли смета дека навивачите допрва ќе го видат неговиот квалитет.

„Неговата приказна е неверојатна, но мислам дека ова е само почеток за него бидејќи тој има вистински квалитет. Имаше потешкотии кога дојде, имаше повреди, но сега навистина ќе му помогне на тимот“, вели Пиоли.

„На овој натпревар покажавме зрелост. Фудбалерите играа со квалитет и мотивација, покажаа дека веруваат во себе и сега заслужено славиме“.