24фудбал

Инзаги: Интер 10 години не бил во нокаут фазата од ЛШ

Симоне Инзаги е среќен по вчерашната победа на Интер над Шахтар која значеше пласман за нероазурите во осминафиналната фаза во Лигата на шампионите.

Лига на Шампиони

Со два гола на Џеко, Интер го победи Шахтар со 2-0 и на коло пред крајот избори пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите.

„Првиот гол на Џеко беше како да ни падна тежина од рамењата, пооа креиравме многу шанси“, вели Инзаги по мечот.

„Големо достигнување е пласманот во осминафиналето, тоа го кажав и кога бев назначен за тренер на Интер.На денот кога потпишав реков дека тоа е нашата цел, нешто што Интер не направил десет години“.

„Сега имаме десет бода и победивме трипати по ред, оваа победа дојде само три дена по победата над Наполи во Серија А“.

„Во добра форма сме, но мора да запаметиме дека опасности има на секој агол и патот е долг“.