24фудбал

Спортинг Лисабон ја исфрли Борусија Дортмунд од Лигата на шампионите (ВИДЕО)

Спортинг Лисабон со 3-1 ја победи Борусија Дортмунд и се пласираше во осминафиналето од Лигата на шампионите, германскиот клуб оди во Лига Европа.

Лига на Шампиони

Во групата каде што неприкосновен е Ајакс, Спортинг Лисабон и Борусија Дортмунд денеска играа клучен натпревар за второто место.

Спортинг победи со 3-1 и на коло пред крајот ги реши сите дилеми околу патниците во осминафиналето.

Со два гола на Педро Гонсалвеш, Спортинг по првото полувреме поведе со 2-0.

Гонсалвеш во 81. минута промаши пенал, но одбиената топка Поро ја смести во мрежата за 3-0. 

Борусија Дортмунд преку Мален во 93. минута успеа само да намали на 3-1.

Во оваа група претходно Ајакс со 2-1 го победи Бешикташ во Истанбул.

Ајакс со 15 бода го освои првото место, Спортинг има 9, Борусија Дортмунд 6. Португалците се подобри во меѓусебниот дуел, а тоа значи дека се веќе пласирани во осминафиналето. Бешикташ нема бодови.