24фудбал

Милан го победи Атлетико во Мадрид, Месиас ги врати росонерите во живот! (ВИДЕО)

Милан со гол на Месиас во финишот од натпреварот го победи Атлетико Мадрид и остана во игра за пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Лига на Шампиони

Месиас е херојот на Милан, фудбалерот кој пред три години играше во четвртата италијанска лига и доставуваше фрижидери за да преживее, вечерва им донесе голема победа на росонерите.

Натпреварот беше 0-0 се до 87. минута кога по асистенција од Кеси, Месиас постигна гол за водство на Милан кое значеше и победа.

Во оваа група Ливерпул со 2-0 го победи Порто, головите ги постигнаа Алкантара и Салах.

Во оваа група Ливерпул е сигурно прв, а Порто, Милан и Атлетико Мадрид ќе се борат за втората позиција. Португалците имаат пет бода, а Милан и Атлетико по четири.

Милан мора да го победи Ливерпул на Сан Сиро и да се надева дека Порто нема да слави против Атлетико Мадрид. Милан има за еден гол подобра гол разлика од Атлетико, можеби и тоа ќе има влијание на крајот.