24фудбал

Пети: Мбапе е заинтересиран за Реал Мадрид бидејќи е уморен од случувањата во Франција

Актуелниот договор на младата ѕвезда на ПСЖ истекува на лето, а тој би можел да преговара со заинтересираните клубови за неговиот потпис уште во јануарскиот преоден рок.

Англија

Поранешниот француски фудбалер Емануел Пети верува дека Килијан Мбапе лесно може да заврши во Њукасл, клуб кој доби богато сопствеништво, а со самото тоа и богата каса, а додаде дека младата ѕвезда е веќе фрустрирана од сите случувања во Франција.

Семоже да се случи, видовме што се случи со Њукасл, постојано имаше шпекулации за тој клуб, а вие никогаш не можете да знаете што ќе се случи на крајот од денот, работите лесно се менуваат, постои големо поврзување со Реал Мадрид, а знам дека во неговиот ум кога бил дете за него тоа било сон да игра за клубови како тој“ рече Пети.

Можеби тој е заинтересиран за Реал Мадрид бидејќи е уморен од сето тоа што се случува во Франција, сметам дека тој на момент дури и чувствува дека го нема истиот статус како оној на Лионел Меси и Нејмар“ додаде тој.

Пред да ја напушти Барселона, Меси беше крал на тој клуб, но за мене, кралот на ПСЖ е Мбапе, ниту Нејмар, ниту Меси, со целосна почит кон сите, но Мбапе е број еден во таа екипа“ подвлече Французинот.