24фудбал

Трагедија: Млад бразилски фудбалер почина во сон од срцев удар

Се верува дека Бразилецот немал никакви проблеми од претходно во поглед на своето здравје, ниту на некаков начин ги загрижил докторите во клубот.

Останато

Младиот, 23 годишен бразилски фудбалер Риулер де Оливеира почина во сон како последица од срцев удар, а тој беше член на јапонскиот клуб Шонан Белмар, од каде воедно ја потврдија веста.

„Риулер почина на својата 23 годишна возраст, во моментов сме во исчекување од првичните резултати на обдукцијата по што ќе ја известиме јавноста за деталите, нашите молитви се дел од неговата душа“ порачаа од Шонан.

Инаку, Риулер е некогашен младински репрезентативец на Бразил, а настапуваше и за Интернасионал, но и Атлетико Паранаенсе, а оваа сезона запиша 12 настапи.