24фудбал

Спалети објасни зошто одбил да се поздрави со Виторија (ВИДЕО)

Италијанскиот фудбалски стратег со својот потег за момент го зачуди својот колега од спротивниот табор по крајот на мечот, меѓутоа тој тврди дека има добра причина зад сето тоа.

Лига Европа

Шефот на стручниот штаб на Наполи, Лучијано Спалети ја објасни својата одлука да избегне да се поздрави со тренерот на Спартак Москва, Руи Виторија по мечот од Лига Европа каде Италијанците на гостински терен загубија со 2-1, а стрелец за поразениот табор беше нашиот Елиф Елмас.

Виторија со интересна реакција по потегот на Спалети (ВИДЕО)

Тој не ме поздрави пред мечот, тоа е моментот кога обата тренери треба да се поздрават, а не на крајот од мечот само поради тоа што сте победиле“ рече предводникот на Наполи.

Јас секогаш се поздравувам со противничките тренери пред секој натпревар, а лесно е тоа да го сторите по мечот откако ќе победите, морате да покажете почит и да му посакате добредојде на противникот на вашиот стадион“ додаде Спалети.