24фудбал

Загрижувачки сцени на Островот, фудбалер на Шефилд Јунајтед падна како покосен на теренот

Минималниот триумф на ланскиот Премиерлигаш остана во сенка поради загрижувачките сцени по кои нивниот фудбалер мораше да биде однесен во болница.

Англија

Фудбалерот од средниот ред на англискиот второлигаш Шефилд Јунајтед, Џон Флек беше изнесен со носилки од теренот по сериозниот проблем кој настана со него во второто полувреме од мечот против Ридинг во Чемпионшип дивизијата на Островот.

Непречен од никого, при водство на Шефилд со 1-0, Флек падна на теренот, а неговите соиграчи брзо сигнализираа дека медицинскиот тим треба да влезе на теренот за да реагира.

Според зборовите на шефот на стручниот штаб на Шефилд Јунајтед, Славиша Јокановиќ, по посетата на Флек во болницата каде е сместен, фудбалерот е свесен, а притоа го запрашал својот тренер и за конечниот исход на мечот.


Сево ова допре до сите на стадионот, навивачите, фудбалерите. А тоа е нормално, сите ние сме човечки суштества, ова е над фудбалот, играта која сите ја сакаме, ова беше сериозен момент во нашите животи, особено неговиот, ние сите му ја испраќаме нашата поддршка и му поскуваме брза рехабилитација“ стоеше во објавата на Ридинг на социјалните мрежи, откако порака со поддршка до Флек пристигнаа од сите страни.