24фудбал

Миколи сакал да направи услуга на колега од Пелермо, на крај „заглави“ три ипол години во затвор

Поранешниот играч на Јувенус и капитен на Палермо, Фабрицио Миколи ќе мора да отслужи затворска казна од три години и шест месеци откако Врховниот суд ја одби неговата жалба, напаѓачот е обвинет за изнуда на пари на мафијашки начин.

Италија

Фабрицио Миколи сепак ќе мора да оди зад решетки, медиумите од Италија пренесуваат дека е одбиена и послдната жалба и потврдена е пресудата од три ипол години затворска казна.

Поранешниот играч на Јувентус и капитен на Палермо се најде во проблеми поради случај кој датира од пред 10 години.

Поранешниот физиотерапевт на Палермо, Џорџо Гаспарини побарал помош од Фабрицио Миколи да си наплати 12.000 евра од Андреа Графањини, кој остварил профит од продажбата на дискотеката Папараци во Исола дела Фемине, гратче во северниот дел на Сицилија.

Фабрицио Миколи потоа го контактирал својот пријател Мауро Лауричела, син на сицилијанскиот мафиозо Антонио.

Во пресудата се вели дека биле користени насилство и закани, односно изнунда на пари на мафијашки начин, па нема никакви отстапки, и Фабрицио Миколи ќе мора да оди во затвор.