24фудбал

Манчестер јунајтед е во преговори со поранешен тренер на Барселона

Според „Скај Спортс“, Манчестер јунајтед почнал преговори со поранешниот тренер на Барселона, Ернесто Валверде за привремен тренер до крајот на оваа сезона.

Англија

Валверде е еден од неколкуте тренери со кој Манчестер јунајтед преговара во моментов за функцијата привремен тренер до крајот на сезоната.

Планот на клубот е сега да назначи привремен тренер кој би бил на таа функција до крајот на сезоната, а на лето да ангажира перманентно решение. 

Маурисио Покетино останува цел број еден за перманентно решение, но Јунајтед сега е во потрага по привремен тренер, а тука како фаворит се истакнува Валверде.


Наводно тој ќе ја прифати понудата иако станува збор за нетипична ситуација, да се биде тренер само неколку месеци.

Синоќа Мајкл Карик сосема солидно си ја почна работата како прв тренер, но раководството на клубот најави дека тој ќе го води тимот само додека не биде назначен тој привремен тренер.