24фудбал

Анчелоти ја објасни контроверзната ситуација со загревањето на Иско

Искусниот италијански фудбалски стратег вели дека ниту тој покажал непочитување кон фудбалерот, ниту фудбалерот кон него, појаснувајќи ја ситуацијата со загревањето за кое се крена прашина во Шпанија.

Шпанија

Реал Мадрид славеше убедлива победа кај Гранада со 1-4, меѓутоа победата на „Кралевите“ за момент остана во сенка поради случувањата со Иско.

Искусниот фудбалер од средниот ред на сопствена иницијатива престанал да се загрева за да влезе во игра, а тоа го забележал фитнес тренерот, како и син на Карло Анчелоти, кој го известил шефот на стручниот штаб на „Кралевите“, кој за време на прескоференцијата во пресрет на мечот со Шериф Тираспол во Лигата на шампионите мораше да ја објасни таа ситуација.

Немам никаква потреба да разговарам со Иско на оваа тема“ рече Анчелоти.

Исто така, не претставува никаков проблем доколку асистентот побара од фудбалерот да се загрева повеќе, а фудбалерот да одговори дека веќе е загреан, токму тоа се случи, а Иско потоа влезе во игра“ појасни италијанскиот фудбалски стратег.

Со ова, нема никаква контроверзна ситуација, тој е професионалец, можеби бил вознемирен дека не игра, а јас жалам за тоа, но никогаш не сум покажал непочитување кон него, а исто така ниту тој кон мене“ подвлече Анчелоти.