24фудбал

Поради големата трагедија, ФФМ ги одложи натпреварите од Купот на Македонија

Четвртфиналните натпревари од фудбалскиот Куп на Македонија кои требаше да се играат во четврток, се презакажани за 1. декември.

Македонија

Поради големата трагедија која се случи во Бугарија, во која загинаа 46 македонски државјани во автобуска несреќа, ФФМ ги одложи мечевите од купот.

„Комисијата за натпреварување во Фудбалската федерација на Македонија го информира фудбалското семејство и клубовите од МФЛ дека по големата автобуска несреќа која се случи во раните утрински часови во Р. Бугарија, а во која животот го загубија наши граѓани, планираните четвртфинални натпревари од Купот на Македонија закажани за 24. ноември 2021 година се пренасочуваат за одигрување на 01. декември 2021 година со почеток во 13:00 часот“, стои во соопштението на ФФМ.

Во четвртфиналето требаше да се сретнат:

Македонија ЃП – Шкупи

Пелистер – Вардар

 Шкендија – Струга ТЛ

Силекс – Брегалница.