24фудбал

Димитриевски и Рајо Ваљекано доминираат на домашен терен, победа и над Мајорка (ВИДЕО)

Рајо Ваљекано е најдобриот тим на домашен терен во Ла Лига, денеска ја победија Мајорка со 3-1.

Шпанија

Столе Димитриевски имаше уште еден одличен натпевар за Рајо Ваљекано, прими еден гол, во финишот од мечот кога победникот веќе беше решен.

Рајо поведе со гол на Гвардиола уште во 16. минута, Гарсија погоди четири минути подоцна за 2-0.

Во 63. минута Трехо зголеми на 3-0, а почесен гол за Мајорка постигна Пратс во 89. минута.

Од седум домашни натпревари оваа сезона, Рајо Ваљекано има победено на шест и има едно реми. Тие се најдобар тим на свој терен досега.

На вкупната табела се на шесттото место.