24фудбал

Бабунски не успеа да погоди од белата точка за Ботев Враца (ВИДЕО)

25 годишниот напаѓач на 25 меча досега успеа да постигне седум погодоци за бугарскиот прволигаш за кого настапува оваа година.

Македонија

Мечот помеѓу Левски Софија на Ѓоко Зајков и Ботев Враца на Дориан Бабунски во најсилниот фудбалски шампионат на Бугарија заврши без погодоци, а на мечот беа промашени два удари од белата точка, од кои едниот на Бабунски.

Нашиот фудбалер уште во осмата минута од мечот можеше да донесе почетно водство за гостите, меѓутоа поранешниот член на Ливерпул, Николај Михаилов ја прочита неговата намера.