24фудбал

Барса прави нов изненадувачки трансфер, Чави побарал фудбалер на Ал Сад?!

Според пишувањата на Спорт, Чави побарал од раководството на Барселона да го ангажира Багдад Бунеџа од Ал Сад, напаѓачот никогаш не играл во Европа.

Шпанија

„Каталонците“ изненадија со првото засилување за Чави, на Камп Ноу се врати Дани Алвеш. Според пишувањата на Спорт, и следното засилување може да биде изнендување.

Весникот пренесува дека Чави го побарал Багдад Бунеџа од неговиот поранешен клуб Ал Сад.

Алжирецот минатата сезона беше најдобар стрелец на Ал Сад со 21 погодок во првенството на Катар, а оваа сезона зад своето име веќе има 11 погодоци.

29 годишниот напаѓач никогаш не играл во Европа, па доколку се пресели во Барселона, тоа ќе биде нeгова прва авантура на стариот континент.