24фудбал

Кралот е осамен на врвот, Реал Мадрид убедливо ја победи Гранада (ВИДЕО)

Реал Мадрид со 4-1 победи на гостувањето кај Гранада и сега е осамен на чело на табелата во Ла Лига по вчерашниот кикс на Севиља.

Шпанија

Реал Мадрид одигра одлична партија, покажа кој е кој и со четири гола и освои трите бода од гостувањето кај Гранада.

Серијата ја отвори Асенсио уште во 19. минута, а шест минути подоцна Начо Фернандез зголеми на 2-0.

Гранада успеа да се врати во мечот, во 34. минута Суарез реализираше за 1-2, со тој резултат се замина на полувремето.

По десет минути игра во вториот дел, Винисиус Жуниор реализираше за 3-1, веќе стана јасно кој ќе биде победникот на овој меч.

Работите за Реал Мадрид беа дополнително олеснети во 67. минута кога Мончу заработи црвен картон, а точка на мечот стави Менди со гол во 76. минута.

По 13 одиграни кола Реал Мадрид има 30 бода, два повеќе од Севиља и Реал Сосиедад.