24фудбал

Клоп ја објасни жестоката расправија со Артета крај аут линијата (ВИДЕО)

Јирген Клоп и Микел Артета имаа жестока расправија крај аут линијата, малку фалеше да дојде до физичка пресметка, Германецот вели дека морал да реагира така откако клупата на „топчиите“ побарала картон за Садио Мане.

Англија

Во дербито на Енфилд, Ливерпул со 4-0 го совлада Арсенал и ги освои трите бода. По нешто повеќе од половина час игра, камерите наместо на теренот беа свртени кон аут линијата, каде Јирген Клоп и Микел Артета влегоа во жестока расправија.

„Се почна кога од клупата на Арсенал почнаа да бараат црвен картон за Мане, а се работеше за чиста ситуација. Ги прашав што сакаат? Немаше контакт, а тие бараа картон, преку глава ми е ова, се чини дека сите се обидуваат да издејствуаат исклучување на Мане“ - вели Германецот. 

Кога му беше сугерирано дека инцидентот дополнително ја вжешти атмосферата на трибините, Клоп рече: „Не го планирав ова, но доколку помогна, немам ништо против. Но не очекувајте да гледате слични инциденти во иднина, ретко имам расправии крај аут линијата“.