24фудбал

Пандев откри за која одлука во кариерата жали најмногу

Горан Пандев открива дека жали за одлуката да го напушти Наполи и да почне авантура во Галатасарај, вели за среќа веднаш се вратил во Серија А

Италија

Македонецот во интервју со Кориере дело Спорт објави дека оваа сезона му е последна, во јуни оди во пензија. Па беше запрашан дали жали за некоја одлука во богатата кариера.

„Веројатно не требаше да го напуштам Наполи. Избрзав по промената на тренерот (Бенитез пристигна на местото на Мацари). Сакав да играм повеќе и ја прифатив понудата на Галатасарај. За среќа веднаш се вратив во Серија А, благодарејќи на Џенова“ – вели Горан Пандев.

Пред почетокот на сезоната 2014/15, Горан Пандев се реши за авантура во Турција, но не се снајде во Галатасарај, имаше ограничена минутажа, па веќе следното лето се врати во Калчото.

Наполи сега е лидер на табелата, па Горан Пандев беше запрашан дали „наполитанците“ можат да го освојат Скудетото.

„Мислам дека можат до титулата. Клубот, тимот, тренерот, околината... имаат се што е потребно за Скудето. Би сакал да станат шампиони“.