24фудбал

Роналдо и Мегваер на кризен состанок со Солшер, Норвежанецот барал начин како да си ја спаси работата и сезоната

Според пишувањата на Дејли Мејл, Оле Гунар Солшер имал кризен состанок со капитенот Хари Мегваер, првата ѕвезда Кристијано Роналдо и уште други четворица фудбалери, Норвежанецот барал начин да си ја спаси работата и сезоната.

Англија

Оле Гунар Солшер е под огромен притисок по серијата лоши резултати, како и срамните порази од Ливерпул и Манчестер Сити.

Според пишувањата на Дејли Мејл, стратегот синоќа имал кризен состанк со капитенот Хари Мегваер и првата ѕвезда Кристијано Роналдо. На средбата која започнала во 10 часот во тренинг центарот присуствувале уште Бруно Фернандеш, Лук Шо, Виктор Линделоф и Немања Матиќ.

Дејли Мејл вели дека Оле Гунар Солшер се обидел да си ја спаси работата и сезоната, било разговарано како „ѓаволите“ можат да се вратат на победнички патеки а биле дискутирани и тактичките замисли откако на последните неколку натправари Манчестер јунајтед играше со петмина во одбраната.

Останува да се види дали ќе има промени на Олд Трафорд, изминативе денови се шпекулираше дека само прашање на време е кога Оле Гунар Солшер ќе замине, раководството на клубот веќе решило дека стратегот ќе добие отказ што се најде соодвена замена.