24фудбал

Грилиш си има приватни проблеми

Ѕвездата на англискиот првак Манчестер Сити наводно добила ултиматум од својата девојка по гласините кои протекоа низ англиските таблоиди.

Англија

Најскапиот англиски фудбалер на сите времиња кој од Астон Вила за 100 милиони евра премина во редовите на Манчестер Сити, Џек Грилиш се најде на насловите на таблоидните медиуми поради приватните проблеми кои го снајдоа, а истите се однесуваат на неговата врска.

Се верува дека неговата долгогодишна партнерка, моделот Саша Атвуд дознала дека фудбалерот бил во постојана комуникација со британската актерка Емили Атак, по што му упатила ултиматум, да бира помеѓу неа или актерката.

Британските таблоиди наведоа дека Грилиш имал тајна врска со Атак цели шест седмици, а Саша дознала за време на актуелната интернационална пауза за репрезентации.