24фудбал

Објавено како изгледaат нозете на Хамрауи по нападот со метални прачки (ФОТО)

Адвокатот на Кејра Хамрауи објави фотографии од нозете на фудбалерката на ПСЖ која пред десетина дена беше нападната од две маскирани лица, кои ја удирале со метални прачки.

Франција

Случајот на Кејра Хамрауи и понатаму е во фокусот на спортската јавност. Фудбалерката на ПСЖ на 4. ноември беше нападната. На враќање од вечерта организирана од ПСЖ, две маскирани лица ја извадиле од автомобилот и со метални прачки ја удирале по нозете.

„Главно целеа кон моите нозе, се обиодв да се заштитам со рацете колку што можам“ – им кажала Кејра Хамрауи на истражителите.

Во прв момент главен осомничен беше нејзината колешка Амината Дјало, која беше приведена и 36 часа испрашувана од полицијата, се сомневаше дека таа го нарачала нападот за да има поголема минутажа.

Откако спортското ривалство беше прешкртано како мотив, полицијата се насочи кон одмазда бидејќи еден од напаѓачите викал, „Сакаш да спиеш со женети мажи?“.

Сега под истрага е поранешниот играч на Барселона, Ерик Абидал или поточно неговата сопруга. Се верува дека Кејра Хамрауи била во врска со Ерик Абидал кога тој беше спортски директор на „каталонците“ а таа настапуваше на Камп Ноу во периодот од 2018 до 2020 година. 

Во меѓувреме, адвокатот на Кејра Хамрауи објави како изгледаат нозете на фудбалерката на ПСЖ, можат да се видат големи модрици и длабока исекотина.