24фудбал

Меси: Повредата е минато, но физички треба да бидам подобар

Лео Меси го одигра целиот меч за Аргентина против Бразил, но признава дека уште не е во најдобра физичка форма.

Јужна Америка

Меси поради повреда пропушти неколку меча за ПСЖ, но настапи за Аргентина, мечот против Бразил го одигра цел.

„Игравме со верба дека ќе победиме, се обидувавме да играме, но на моменти не можевме. Сепак важно е и дека не загубивме. Одиме понатаму и продолжуваме да созреваме како тим“, вели Меси по мечот со Бразил кој заврши без голови.

„Не играв долго време. Ова беше многу интензивен натпревар и треба да го најдам мојот риам. Добар сум, но очигледно физички не сум доволно добар. Долго време не играв и не е лесно веднаш да одиграте меч со таков интензитет“.

„Но другото се е во ред и се надевам дека добро ќе ја завршам годината“.