24фудбал

Ремито со Бразил беше доволно, Аргентина се пласираше на Светското првенство во Катар (ВИДЕО)

Мега дербито меѓу Аргентина и Бразил заврши без голови 0-0, тоа беше доволно за гаучосите да изборат пласман на Мундијалот.

Јужна Америка

Аргентина и Бразил одиграа интензивен меч со многу борба, многу прекршоци и картони, но со малку шанси за гол и ниту еден погодок.

Меси го одигра целиот натпревар, Нејмар не настапи на овој дуел поради повреда.

На почетокот од мечот Винисиус Жуниор се најде во добра прилика, но биеше лошо. Следната шанса беше дури во 41. минута, Де Пол шутираше од далечина но Алисон одлично му одбрани.

Во 72. минута Емилијано Мартинез имаше одлична одбрана кога Куња се обиде да донесе предност за Бразил.

Резултатот од 0-0 беше доволен за Аргентина и математички да обезбеди пласман на Светското првенство, Бразил претходно го направи тоа.