24фудбал

Македонија ги дозна сите шест можни противници за полуфиналето од баражот за СП

Со денешните натпревари завршија квалификациите за Светското првенство во Европа, познати се сите учесници во баражот за пласман на Мундијалот.

Македонија

Португалија, Шкотска, Италија, Русија, Шведска и Велс се можните противници на Македонија во полуфиналето од баражот за Светското првенство.

Во групата на неносители покрај Македонија се уште и селекциите на Турција, Полска, Украина, Австрија и Чешка.

Полуфиналето се игра во еден натпревар, а носителите ќе бидат домаќини.

Ждрепката ќе се оддржи на 26. ноември со почеток од 17 часот.