24фудбал

Кои се можните противници на Македонија во баражот?

Македонската фудбалска репрезентација за првпат во својата историја избори бараж за едно големо натпреварување, дојдовме на два чекори до Светското првенство, а тие ќе бидат исклучително тешки.

Македонија
Покрај Македонија, уште 11 селекции ќе се борат за три места кои преку баражот водат на Светското првенство во Катар.
 
Во вторник откако ќе бидат комплетирани квалификациите, ќе се знае точно кои ќе бидат можните противници на Македонија, а дотогаш може да разгледаме кои би можеле да бидат тие.
 
На ждрепката за баражот која ќе се одржи на 26. ноември, репрезентациите ќе бидат поделени на носители и неносители.
 
Македонија ќе биде во друштвото на неносителите, па ќе добие една од појаките селекции кои се во баражот.
 
Досега се знае дека во групата на носители ќе бидат селекциите на Португалија, Шведска и Русија.
 
Покрај овие три селекции и Македонија, во баражот сигурно ќе играат и Полска, Шкотска, Велс, Чешка и Австрија.
 
Италија и Швајцарија во последното коло ќе дознаат која ќе оди директно на СП, а која во бараж.
 
Во игра за бараж од Д групата се Финска и Украина, а од групата Г се Турција и Норвешка.
 
Доколку не се случат изненадувања во последните натпревари од квалификациите, противници на Македонија во полуфиналето од баражот би била некоја од селекциите на Португалија, Русија, Швајцарија, Шведска, Полска и Велс.
 
На местото од Велс лесно може да се случи да биде и некоја селекција од Шкотска или Чешка.