24фудбал

Ди Марија со мајсторски гол донесе победа за Аргентина, Меси одигра 15 минути (ВИДЕО)

Аргентина со 1-0 победи на гостувањето кај Уругвај благодарение на убав гол на Анхел Ди Марија, Лео Меси се врати од повредата.

Јужна Америка

Единствениот гол на натпреварот се случи во седмата минута кога Ди Марија мајсторски пласираше една топка во мрежата на Уругвај, гол доволен за победа на Аргентина.

Меси кој поради повреда ги пропушти последните натпревари на ПСЖ, настапи на овој меч. Во игра влезе во 76. минута од натпреварот.

Следниот меч на Аргентина е големото дерби против Бразил на кое се очекува Меси да почне од самиот старт.