24фудбал

Скандалозна прослава: Фудбалерите на Интер извадија ковчези и го „погребаа“ Гремио (ВИДЕО)

Големото локално дерби помеѓу Интернационал и Гремио заврши со скандалозна прослава и тепачка, домашните фудбалери на теренот носеа импровизирани ковчези за да ја слават „смртта“ на својот ривал.

Јужна Америка

Популарното „Гре-Нал“ важи за едно од најлутите ривалства во светот на фудбалот, изминатиов викенд на програмата беше дуелот број 434. Натпреварот заврши со триумф на Интернационал од 1-0 а по последниот свиреж настана голем инцидент.

Се почна кога домашните играчи Патрик и Кадорини од трибините земаа импровизирани ковчези со логото на Гремио и гордо ги покажаа на теренот. Гремио е во зоната за испаѓање и големи се шансите да се пресели во втора лига, па Интернационал ја славеше „смртта“ на својот лут ривал.

На гостинските фудбалери не им се допадна потегот, па иако веќе беа тргнати кон соблекувалната, решија да се вратат, настана брканица, имаше влечење, туркање и по некој удар.