24фудбал

Црвена звезда на свој терен загуби од Митјиланд, Динамо Загреб ја победи Рапид Виена (ВИДЕО)

Црвена звезда поради свои грешки загуби од Митјиланд со 1-0, Динамо Загреб со 3-1 славеше над Рапид Виена и освои важни три бода.

Лига Европа

Проблемите за Црвена звезда почнаа уште во 12. минута кога Дегенек стартуваше како последен играч и заработи директен црвен картон.

Единствениот гол се случи во 56. минута кога Канга со глава си даде автогол по еден шут од слободен удар на гостите.

Во судиското продолжение Гобељиќ заработи втор жолт, па Црвена звезда со девет фудбалери го заврши мечот.

И покрај поразот, Црвена звезда е на второто место со седум бода.

На втората позиција во својата група се качи Динамо Загреб кој со 3-1 беше подобар од Рапид Виена. Ристовски на теренот остана до 89. минута, Адеми не игра поради повреда.

Рапид поведе во 8. минута, но Динамо Загреб со голови на Петковиќ и Андриќ уште во првото полувреме го сврте резултатот, а победа од 3-1 ја запечати Сутало во 83. минута.