24фудбал

Наполи со пресврт до победа против Легија, 65 минути за Елмас (ВИДЕО)

Елиф Елмас беше стартер во победата на Наполи на гостувањето кај Легија од 4-1 со која Наполитанците избија на првото место на табелата.

Лига Европа

Македонскиот репрезентативец го почна мечот, беше сосема солден во минутажата која ја доби, остана во игра до 65. минута при резултат 1-1.

Легија дојде во водство уште во 10. минута со гол на Емрели. Предноста ја задржаа се до 51. минута кога Наполи преку Зиелински од пенал израмани на 1-1. 

Во 75. минута беше досуден уште еден пенал кој го реализираше Мертенс за комплетен пресврт и водство на Наполи од 2-1.

До крајот голови дадоа и Лозано и Оунас за конечна победа на Наполи од 4-1.