24фудбал

Пјаниќ: Треба да знаете кога да ги пуштите го*ната да одат (ФОТО)

Познато е дека Босанецот немаше добри односи со својот поранешен тренер во Барселона, минутите на теренот му беа ограничени, а тој не се штедеше во коментарот по отказот на Холанѓанецот.

Шпанија

Роналд Куман и официјално повеќе не е шеф на стручниот штаб на Барселона, откако клубот од „Камп ноу“ му врачи отказ на холандскиот фудбалски стратег по поразот кај Рајо Ваљекано, каде нашиот голман Столе Димитриевски му одбрани пенал на Мемфис Депај.

Се чини дека босанскиот интернационалец Миралем Пјаниќ, кој игра на позајмица во Бешикташ токму од редовите на Каталонците, е најсреќен за отказот на Куман.

Треба да знаете кога треба да ги пуштите го*ната да одат“ напиша Пјаниќ на социјалните мрежи.