24фудбал

Чави: Фокусиран сум на работата во Ал Сад

Чави е прв фаворит за наследник на Куман на клупата на Барселона, но тој засега не сака во јавноста да зборува на таа тема.

Шпанија

Се верува дека Чави и Барселона веќе постигнале договор, останува само тој да се ослободи од неговиот клуб, Ал Сад со кој има договор до 2023.

Наводно Чави веќе имал разговори со раководството на Ал Сад и тие се подготвени да го пуштат, но остануваат одредени работи да се дефинираат.

Чави денеска беше прашан за Барселона, но тој не кажа буквално ништо.

„Фокусиран сум на работата во Ал-Сад и нема да зборувам за ништо друго“, беше краткиот одговор на Чави.

Се верува дека само прашање на време е кога Чави ќе биде потврден за нов тренер на Барселона.