24фудбал

Агентот на Лукаку открива колку Манчестер Сити бил упорен да го ангажира Белгиецот

„Граѓаните“ беа во потрага по наследник на Серхио Агуеро, па иако првично го пикирале Лукаку, на крајот ги промениле своите планови, а се фокусираа на Хари Кејн од Тотнем.

Англија

Манчестер Сити бил доста конкретен и сериозен во намерата да го ангажира 28 годишниот напаѓач Ромелу Лукаку, открива агентот на фудбалерот, Федерико Пасторело.

Лукаку одново го облече дресот на Челси по трансферот од Интер вреден 98 милиони фунти во летниот преоден рок, а во Манчестер Сити ги промениле плановите во трката за потписот на Белгиецот.

Можам слободно да кажам, без никого да разочарам, дека Манчестер Сити се обиде да го ангажира Лукаку една година претходно“ вели Пасторело во интервјуто за „Телеграф“.

Во текот на пандемијата беше навистина тешко да отпатувате онаму каде што посакувате за да се сретнете со луѓето, да преговарате, а сево ова почна доста конкретно и сериозно, но, тие ги променија плановите, или не беа подготвени истото да се случи“ додава тој.

Искрено, беше навистина тешко по првата година, речиси невозможно, тој не ја освои лигата со Интер, а толку силно го посакуваше тоа, а потоа Манчестер Сити се фокусираше на Хари Кејн изминатото лето“ подвлекува агентот, кој открива и дека му посочил на својот клиент дека остварувањето на неговата желба за одново да игра во Челси е моментот сега или никогаш.

Постојано му велев на Ромелу дека претстои моментот сега или никогаш, бидејќи на почетокот нему не му беше 100% јасно, Челси беше 100% сигурен во тоа дека Ромелу е вистинскиот, а јас никогаш не се сомневав во нив, тие испратија повеќе понуди пред Интер дефинитивно да прифати, петата беше пресудна, а доколку се навратам, сметам дека сите се среќни“ заклучи Пасторело.