24фудбал

Роналдо и Георгина чекаат близнаци

Фудбалерот и неговата партнерка на социјалните мрежи се одзваа со фотографија на која држат снимки од ултразвук.

Останато

Ѕвездата на Манчестер јунајтед, 36 годишниот Кристијано Роналдо и неговата партнерка Георгина Родригез за јавноста открија дека чекаат близнаци.

Георгина инаку 12 седмици е бремена, а нивното прво заедничко дете Алана Мартина беше родена во ноември 2017 година, со тоа што двојката веќе се грижи за четири деца, вклучувајќи ги Роналдо јуниор, како и близнаците Ева и Матео, кои се од сурогат мајка.

Пресреќен сум што објавувам дека чекаме близнаци“ објави Роналдо, а истото го стори и Георгина на социјалните мрежи.


Веста беше најавена од страна на магазинот „Ола“ пред двојката да објави на социјалните мрежи.