24фудбал

Димитриевски: Пресреќен сум за одбранетиот пенал, на Барселона и недостасува Меси

Навивачи на Барселона дури и го славеа македонскиот голман на социјалните мрежи поради одбранетиот пенал, а од причина што тоа придонесе за отказ на Куман.

Македонија

Рајо Ваљекано со голот на Радамел Фалкао избори минимална победа над Барселона на домашен терен во Примера, меѓутоа се ќе беше поинаку доколку нашиот голман Столе Димитриевски не го одбранеше пеналот на Мемфис Депај.

Навивачи на Барселона го слават Димитриевски, им го исполнил сонот на сите каталонци (ФОТО)

Македонецот во 72 минута му одбрани пенал на Холанѓанецот, а со тоа го најави и отказот за Роналд Куман на клупата на Каталонците, за по мечот да не ја крие сета среќа за тоа што го спречи Депај во обидот од белата точка.

Пресреќен сум за одбранетиот пенал, исто и за тоа што помогнав да реализираме победа, среќен сум од фактот што одбранетиот пенал беше клучен, имавме прекрасна вечер“ рече Димитриевски.

ВИДЕО ОД ОДБРАНЕТИОТ ПЕНАЛ - ТУКА

Засега функционираме според планот и програмата, но сакаме да бидеме уште подобри, тренерот Ираола ги постави своите идеи и цели, а ние ги прифативме“ додаде нашиот репрезентативец, а иако не сакаше, наведе што и недостасува на Барселона.

Барселона не игра на своето препознатливо ниво, но мене лично ме интересира само нашата победа, иако очигледно е дека во противничкиот табор не постои радост, недостасува страст, им недостасува Меси“ заклучи Димитриевски.