24фудбал

Додека се чека абер за Чави, Барса го одбра привремениот тренер

Чави се најавува како наследник на Роналд Куман, но додека се испеглаат сите детали, Барселона попладнево соопшти дека Серхи Бархуан ќе го предводи тимот на привремена основа.

Шпанија

Синоќешниот пораз кај Рајо ја прели чашата, Жоан Лапорта го изгуби трпението и му врачи отказ на Роналд Куман.

Чави е главен фаворит за нов тренер, некои извори велат дека веќе е постигнат договор, и дека останува уште стратегот да се раздели со Ал Сад.

И додека се чека абер за враќање на Чави на Камп Ноу, Барселона попладнево соопшти дека Серхи Бархуан ќе седне на клупата на привремена основа, предводникот на Барса Б, на следните натпревари ќе биде на коримилото на првиот тим. 

Жоан Лапорта попладнево ќе го претстави Серхи Бархуан на првиот тим, тренингот е закажан за 17 часот. Двајцата утре ќе се појават пред медиумите, прес конференцијата почнува во 13 часот.