24фудбал

Мурињо објави фотка како седи на скали и јаде некаде во поттрибинскиот простор на стадионот на Каљари (ФОТО)

Рома со пресврт славеше на гостувањето кај Каљари со 2-1, па Португалецот беше расположен за нов пост на социјалните мрежи.

Италија

Мурињо не можеше да го води тимот од клупата, поради црвениот картон седеше на трибините и од таму диктираше со слушалки.

На Португалецот му беше забрането да влегува во соблекувалната, па по мечот јадел на скали некаде во поттрибинскиот простор на стадионот на Каљари.

Мурињо објави фотографија од тој момент и напиша: „Натпреварот заврши... 3 бода.... Убава храна (не можам да одам во соблекувалната) и уште едно дете“.

Кога вели уште едно дете Мурињо мисли на Феликс Афена Гиан, 18-годишниот фудбалер на Рома кој против Каљари го имаше своето деби во првиот тим.