24фудбал

Манчестер Сити по пет години загуби во Лига купот, конечно ќе видиме нов шампион! (ВИДЕО)

Дојде крајот на неверојатната серија, Манчестер Сити вечерва загуби на пенали против Вест Хем и по пет години е поразен во Лига Купот, најмасовното натпреварување во Англија ќе добие нов шампион.

Англија

Вест Хем зеде уште еден скалп, откако во претходното коло го елиминираше Манчестер јунајтед, „чеканите“ вечерва славеа и против Манчестер Сити.

Избраниите на Дејвид Мојс добро се бранеа 90 минути и потоа на пенали ги совладаа „граѓаните“ за прогрес во следната рунда.

За Манчестер Сити ова е крај на неверојатната серија, тимот на Пеп Гвардиола немаше пораз во Лига Купот повеќе од пет години, или поточно 1.827 дена. Па конечно најмасовното натпреварување на Англија ќе добие нов шампион.

Прогрес во следната рунда вечерва уште обезбедија Тотнем, Лестер, Ливерпул и Брентфорд.