24фудбал

Мислеа дека има реклами: Го нарече Манчестер јунајтед с*ање, а другите прснаа од смеа (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед беше декласиран на свој терен од својот голем ривал Ливерпул, а тој пораз беше тема на дискусија на „Скај“, каде помислата дека се емитуваат реклами донесе и брутална оценка за „Црвените ѓаволи“.

Англија

Поранешната ѕвезда на Лидс и Манчестер Сити, Дени Милс беше „уловен“ во една доста интересна ситуација каде без влакна на јазикот го кажа своето мислење за актуелната ситуација со Манчестер јунајтед.

Милс за време на „Фудбалско шоу“ на „Скај“ за момент помисли дека почнале реклами, па во еден момент коментираше: Манчестер јунајтед е с*ање“, а на ова „прснаа“ од смеа презентерот Пит Грејвс и фудбалерот на Мидзбро, Сол Бамба.

Инаку, во емисијата се дискутираше за убедливиот пораз на Манчестер јунајтед на свој терен од Ливерпул со 0-5, а по коментарот на Милс следеше пауза.