24фудбал

Димитриевски му одбрани пенал на Депај (ВИДЕО)

Македонскиот голман се прослави денеска со тоа што му одбрани пенал на ѕвездата на Каталонците во клучен момент од пресметката.

Шпанија

Македонскиот репрезентативен голман и член на шпански Рајо Ваљекано, Столе Димитриевски му одбрани пенал на ѕвездата на Барселона, Мемфис Депај во мечот од 11 коло од Примера.

Холанѓанецот доби прилика да бие од белата точка во 72 минута, а на крајот беше неуспешен во својата намера, а во тоа го спречи токму нашиот Димитриевски кој го прочита својот ривал на која страна ќе се обиде.