24фудбал

Челси има причини за загриженост, Ридигер би можел во Ливерпул?

Германскиот стопер ја има сета моќ во однос на ситуацијата со истекувачкиот договор со Челси, а клубот од Лондон има причини за загриженост.

Англија

„ЛиверпулЕхо“ известува дека Ливерпул под будно око ја следи ситуацијата со дефанзивецот на Челси, Антонио Ридигер околу неговиот договор кој истекува идното лето, по што би можел да биде слободен играч на трансфер пазарот доколку не се промени тој статус.

Истиот медиум додава дека во случај „Редсите“ да им се укаже прилика, ќе реагираат при првата шанса, а се верува дека последната понуда која Челси му ја укажа на Германецот за тој да потпише нов договор е 140 илјади фунти неделна плата.

Тоа што Ридигер го бара од Челси за да ја продолжи соработката е близу 200 илјади фунти неделна плата, а освен Ливерпул, интерес за услугите на 27 годишниот стопер имаат Реал Мадрид, Баерн Минхен, но и Тотнем.