24фудбал

Познато е колку би добил Солшер во обештетување при евентуален отказ

Антонио Конте се наведува како главен фаворит за наследник на Норвежанецот, доколку Манчестер јунајтед одлучи да му врачи отказ.

Англија

Оле Гунар Солшер е под голем притисок на клупата на Манчестер јунајтед, а 48 годишниот фудбалски стратег има активен договор со клубот со важност до 2024 година, што значи дека ќе добие обештетување при евентуален отказ.

Притисокот се зголеми дополнително и со убедливиот пораз од Ливерпул на свој терен со 0-5, а како што пишуваат на Островот, Манчестер јунајтед ќе мора да му исплати обештетување во висина од 7.5 милиони фунти доколку одлучи да му врачи отказ.

Како и да е, во клубот веќе ја донесоа одлуката, а Солшер ќе продолжи да ги предводи „Црвените ѓаволи“ и на дербито против Тотнем претстојниов викенд во десетото коло од Премиерлигата.