24фудбал

Самсоненко го продаде Вардар за 2 милиони денари!

Рускиот бизнисмен, Сергеј Самсоненко го продаде фудбалскиот клуб Вардар, според информациите, синоќа е извршена блок трансакција на берзата и за сите 100 акции е платено 2 милиони денари или околу 32.500 евра.

Македонија

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб од синоќа има нов сопственик, како што пренесува „Фактор“, преку Македонската берза биле продадени сите 100 акции на „црвено-црните“.

Продавач на акциите е РК Вардар, кој е во сопственост на Сергеј Самсоненко, бизнисменот од Русија добил 2 милиони денари или околу 32.500 евра. Новиот сопственик можеби платил мала сума, но наследи голем долг, се шпекулира дека се работи за бројка од околу 3 милиони евра.

Неофицијално нов сопственик на Вардар е скопската компанија „Блу Скај“ која веќе стопанисува со „црвено-црните“ откако изминатово лето доби зелено светло од град Скопје.