24фудбал

Чурлинов киксна, Шалке прими гол, па тренерот го извади во 22. минута! (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалер, Дарко Чурлинов ќе сака брзо да го заборави денешниот меч од Купот на Германија кој Шалке го загуби со 1-0 од Минхен 1860.

Германија

Чурлинов доби нова задача, да делува како офанзивен лев бек во формација 3-5-2, а тоа не се покажа како паметна одлука на тренерот Грамоцис.

По кикс на Чурлинов уште во 5. минута Минхен 1860 даде гол за водство од 1-0.

Тренерот Грамоцис виде дека неговиот експеримент не функционира па го извади Чурлинов уште во 22. минута од натпреварот.

Резултатот остана непроменет, Шалке испадна од Купот на Германија.