24фудбал

Газидис: Фудбалерите и агентите се однесуваат како пандемијата воопшто да не се случила

И повеќе од веројатно е дека зборовите на Газидис најавуваат слично сценарио со кое Милан се соочи во однос на тоа со Донарума и Чалханоглу, а се однесува на Кеси.

Италија

Извршниот директор на италијанскиот прволигаш Милан, Иван Газидис предупредува на тоа дека некои фудбалери би можеле да си заминат поради барањата кои ги имаат на маса за време на преговорите, а додаде и дека фудбалерите и агентите се однесуваат како пандемија воопшто да не се случила.

Имаме амбициозен проект за Милан кој е на подолг рок, со јасна визија и стратегија, се обидуваме да креираме иновативен модел, ние сме клуб кој работи на проектот да се врати Милан онаму каде што припаѓа“ рече Газидис.

Одлуките кои се носат воопшто не се лесни, во минатото фудбалерите не притискаа да си заминат како слободни агенти на трансфер пазарот, денеска клубовите функционираат во доста променет тренд на однесување и одговорност од финансиски аспект, каде фудбалерите и агентите се однесуваат како пандемијата воопшто да не се случила“ додаде тој.

Некои фудбалери ќе си заминат без обештетување поради барањата кои ги имаат на маса, а ние ќе продолжиме да носиме одлуки кои се за доброто на клубот, не можеме да ја игнорираме кризата од економски аспект“ подвлече Газидис.

Милан се здоби со потешкотии во преговорите со Џанлуиџи Донарума, кој си замина без никакво обештетување во ПСЖ, како и Хакан Чалханоглу, кој на ист начин замина во градскиот ривал Интер, а се соочува со слично сценарио со Франк Кеси, чиј договор истекува идното лето.